Хрватската пејачка Нина Бадриќ (48) плени и освојува со својата убавина, па не е ни чудно што важи за една од најубавите жени во регионот.
Бадриќ својата кариера ја градеше исклучително на добри песни, без скандали и разголувања. Таа отсекогаш важела за дама со стил.
Меѓутоа, фановите често ја споредуваат и со големи ѕвезди како што се Моника Белучи и Џенифер Лопез.
View this post on Instagram
Една таква споредба настана и кога Нина на социјалните мрежи сподели селфи од снимањето на нејзиниот нов спот.
Имено, таа позира со соберена коса, одлична шминка и очила за сонце.
View this post on Instagram
Фановите под објавата прокоментираа дека многу личи на Џенифер Лопез.
„Џеј Ло, спиеш ли мирно?“, „Џеј Ло 2“, „Јас помислив дека е Џеј Ло“, „Кралица“, се само некои од коментарите.