Миленикот на нацијата, Љуба Станковиќ стигна до самото финале на „Пинкови ѕвездички“ кое ќе се одржи во петок.
Меѓутоа, ова преслатко момче не губи време и веќе почна да работи на својата музичка кариера.
Имено, хрватската пејачка Северина го покани Љуба да запее во нејзината нова песна „Туторијал“ , за која сними спот, а е најава за нејзиниот нов албум.
Спотот вчера излезе во јавност, а малиот Љуба одлично се снајде.
„Љуба е пресреќен поради соработката со Северина. Тие долго време се обидуваа да стапат во контакт со нас и конечно го најдоа нашиот број. Се јавуваше и Северина и нејзиниот менаџер и истакнаа дека пејачката сака сними дует со Љуба. Ние го прашавме Љуба, тој веднаш прифати. Северина беше воодушевена, на снимањето цело време го прегрнуваше и бакнуваше велејќи дека вакво чудо од дете не видела досега, изјави татко на Љуба.
Еве како изгледа новиот спот на Севе, кој се појави и преслаткиот Љуба.