Радио Милева лоша заработка

Поради алиментација синот Игор Којиќ го финансира татко му – Кеба потпишал Договор за доживотна издршка (фото)

Поради алиментација синот Игор Којиќ го финансира татко му – Кеба потпишал Договор за доживотна издршка (фото)

Фолк пејачот Драган Којиќ Кеба со години е на сцената и често одржува настапи. Иако многумина мислат дека многу заработува и ужива во изобилство но, вистината е поинаква.

Имено, како што се наведува, Кеба не поседува ништо на негово име, а причина за тоа е долгогодишниот спор со Љиљана Јевремовиќ, мајката на неговата вонбрачна ќерка Ина. Кеба и неговата поранешна љубовница се на суд веќе 16 години, откако тој не сакаше да признае дека е татко на Ина, па дури 12 пати одби да направи ДНК анализа.

Поради доцнењето на процесот, Љиљана ја тужеше државата Србија пред Судот за човекови права во Стразбур. На крајот, судот врз основа на Rh факторот и крвната група пресуди дека Којиќ е татко на девојчето Ина и му наложи да плаќа месечна алиментација од 270 евра, која подоцна беше намалена на 210, бидејќи обвинетиот приложи докази за заработка која барем на хартија не е висока.

Но, не заврши тука – Љиљана го тужеше Кеба за заостаната алиментација, додека тој тврдеше дека платил се. И токму кога почна спорот за пари, Кеба се разведе, па до судот достави докази дека имотот му е намален, а месечно заработува само 15.000 динари.

„Во моментот кога беше донесена претходната одлука, живеев во куќа со површина од 330 метри квадратни со сопругата Оља, синот Игор и ќерката Наташа. Во меѓувреме, на 2 април 2013 година се разведов. Сега живеам во куќа со површина од 100 квадрати, моја сопственост. Живеам сам во куќата“, изјави Кеба на суд во 2013 година, кој поголемиот дел од имотот по разводот го префрли на официјално поранешната сопруга, со која живее и денес, а парот многупати се појавуваше и заедно во јавноста, додека неговата поранешна снаата Северина пред неколку години, објави и заеднички фотографии со тогашниот свекор и свекрвата во нивната вила на Бежанијска коса, каде што редовно престојувала кога доаѓала во Белград за време на бракот со Игор Којиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dragankojickeba


Фолкерот пред судот се пожалил дека лошо заработува. Па затоа, како што се пишуваше, Кеба и неговиот син Игор Којиќ потпишале Договор за доживотна издршка. Така, пејачот стана примател на издршка, а неговиот син стана давател на издршка. Со ова Игор се обврзал доживотно да го издржува Кеба, кој пак се обврзал на Игор да му го пренесе правото на сопственост на недвижноста што ја поседува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic)


Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top