Откако раперот Таско минатата 2022 година се ожени со Наташа Неделковска, позната како најтетовираната Македонка која јавноста ја знае под нејзиното уметничко име Таша Реј, викендов ( недела – 14.05.2023) , направија и црковна венчавка и свадбена веселба.
Најпревин тие се венчаа во еден македонски православен храм пред најблиските, семејството и нивните сведоци во вообичаената црковна церемонија на која со круните на главите момчето и невестата се заколнаа на вечна љубов пред Бога.
Оттаму свадбената веселба продолжи во еден познат скопски угостителски локалитет специјализиран за свдби. А таму вистинска традиционално- модерна забава за поканетите гости на која можеше да се слушнат и звуците на зурлите и тапанот и македонски рап.
Меѓу присутните гости и многу познати естрадни и јавни личности… Од газдарицата на најпознатиот македонски секс шоп, преку познати македонски фолк ѕвезди, па се до мегапопуларните колеги рапери: Пајак, Панчо-ДНК или подкаст и ТВ водители како Бомбакис, Лазаров, Сергеј Варошлија…
Влегувањето на младите во салата и првиот свадбен танц на младоженецот и невестата исто така необични и специфични. Наместо танго на балада или вообичаениот валцер, рап тема на која може свадбено да се танцува како тазе зет и „до заби трудна невеста“.
За фолк забавата задолжен можеби најдобриот меѓу најдобрите, фолк ѕвездата Миле Кузмановски…
Не изостанале ниту тапанот и зурлите, а младоженецот највесел качен на тапанот, зашто… „Свадаба е голема“, нели?!
За штимунгот на младите пак, задолжени трап колегите, а меѓу нив во моментов најпопуларниот на Јутјуб со 16 милиони прегледи… Пајак и Таско со нивен перформанс, ги фрлаат помладите гости во транс.
Панчо-ДНК е исто така тука како своевидна атракција за да ја доведе свдбената журка до кулминација.
Секако тука беше и невестинската торта без која свадба не бидува, а први ја вкусија како што е редот, младоженецот и невестата, која каде и да е наскоро треба да се породи.
Инаку, тригодишна врска Таско и Таша ја криеја од пошироката јавност како змија нозете, се чини се’ додека тазе брачната двојка јавно не обзнани дека го чаекаат штркот да им го донесе нивното прво малечко. Конечно ниту бремената невеста не можеше повеќе да го крие трудничкото стомаче.
На почетокот на годинава (2023) идната мајка која тогаш беше кон средината на бременоста беше највозбудена, но истото чувство не го заобиколи ниту идниот татко кој сакаше сите да знаат дека ќе добие наследник.
Тие го дупнаа балонот во кој се криеа сини конфети, се прегрнаа стопени од убавина дека веќе е јасно дека наскоро на свет им доаѓа машко чедо – нивното синче кое само што не пристигнало.
Нека се среќни, вечни и многудетни!
Фото: Инстаграм принтскрин/tasko.ur/tasha_ray_