Радио Милева
ја кажал вистината после 30 години

Популарниот музичар 30 години молчеше за сексуалното злоставување: „Мајка ми дозна од песна“

Популарниот музичар 30 години молчеше за сексуалното злоставување: „Мајка ми дозна од песна“

Фронтменот на бендот „Mumford & Sons“, Маркус Мамфорд (35) ја напиша песната „Cannibal“ во која опишува што му се случило кога имал 6 години.

Песната зборува за нешто страшно што му се случило на Маркус, бидејќи тој се обидува да најде начин да разговара за тоа со луѓето. Песната е директна, толку нагласена, толку експлицитна…

„Сè уште можам да го вкусам и го мразам тоа. Тоа не беше избор во детскиот ум и вие тоа го знаете“, започнува стихот.

„Имав шест години кога бев сексуално злоупотребен. Тоа не беше никој од семејството, никој од црквата, што повеќето луѓе би го претпоставиле. Но, никогаш никому не сум кажал за тоа, до денес, а поминаа 30 години од несреќниот настан“, рече  Маркус.

„Не и кажав ниту на мајка ми, таа ја слушаше песната и ме праша „за што е песната“, одговорив дека се работи за злоупотреба. Таа беше шокирана. Во неа видов потреба да ме заштити и помогне. Страшно е, што мајка ми преку песната дозна што ми се случи“, изјави Мамфорд.

Маркус, кој има две деца со актерката Кери Малиган, доби совет од неговата сопруга да побара стручна помош по турнејата во 2018 година, кога рече дека „го допре дното“.

Фото:Принтскрин/Гетти Имаџес/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева