Патрик Цветко доживеал епилептичен напад, по што починал, пренесува хрватскиот весник „Стори“. Веста за неговата смрт на својот Инстаграм профил ја потврди неговата пријателка Елена Диздар.
– Почивај во мир пријателе, напиша таа.
Цветко почнал да се занимава со манекенство на 19 години, а поради русата коса и сините очи стана еден од ретките хрватски модели со меѓународен успех.
Тој се појави и во спотот на Франка Бателиќ за песната План Б, во кој глумеа пар. На Инстаграм го следеа речиси 16.000 корисници, со кои редовно споделуваше фотографии од своето секојдневие.
Фото:Принтскрин/Инстаграм