Шетачот на кучињата на пејачката Лејди Гага (34), , беше застрелан четири пати во градите од двајца мажи кои потоа ги украдоа два француски булдога на пејачката.
Имено, Рајан Фишер во средата околу 22 часот ги шетал милениците на Лејди Гага по име Кои, Мис Азија и Густаво, во западниот дел на Холивуд, кога беше застрелан пред неговата куќа на авенијата Сиера Бонита.
View this post on Instagram
Полицијата брзо пристигнала на местото и го пронашла Фишер свесен, но во сериозна состојба. Дишеше многу тешко и итно беше пренесен во болница, но како што пишува ТМЗ, сигурно е дека човекот ќе се опорави.
Кои и Густаво биле украдени, додека Мис Азија избегала, а подоцна полицијата ја пронашла. Инаку, Фишер ги шетал со кучињата додека Лејди Гага моментално е во Италија.
View this post on Instagram
Славната Гага во тоа време била во Рим, каде снимала филм, а според ТМЗ, таа рекла дека е „без прашања“ подготвена да плати дури 500.000 долари за да ги врати своите кучиња.