Радио Милева

„Помислив дека е Тоше“: Фановите го опсипаа Давид Темелков со коментари (видео)

„Помислив дека е Тоше“: Фановите го опсипаа Давид Темелков со коментари (видео)

Поп-пејачот Давид Темелков, кој се прослави како успешен учесник во втората сезона на музичкото шоу „Икс фактор“ неодамна ја издаде својата нова песна „Чувај ме Боже“.

Автор на музиката и текстот е Мирослав Рус, кој е познат и по соработката со Тоше Проески, а дел од спотот е снимен во Санкт Петербург.

фото: Принтскрин/јутуб

„Давид ме привлече со својата посебност и глас кој ретко се слуша. Да се работи со него е вистинско задоволство, а оваа песна е една од најдобрите мои песни“ изјави Рус.

Давид вели дека ова песна му е посебно драга и се заблагодари на публиката која секогаш му е инспирација.

„Ова е песна со која Рус и јас се запознавме, а започнавме убава соработка. Се надевам дека ќе го најде патот до срцето на публиката“ вели Темелков.

фото: принтскрин/јутуб

Видео записот  за „Чувај ме Боже“ е објавен на „Јутуб“, а има повеќе од 400 000 прегледи.Меѓутоа под објавата фановите го опсипаа Давид со позитивни коментари.

Некои од нив го споредија со Тоше, некои велат дека песната потсетува на „Боже, брани ја од зла“ од Тоше, други го пофалија талентот на македонскиот млад пејач.

„Слична на Тошевата: „Боже брани ја од зла“, „Тоше,само тоа помислив кога ја слушнав песната, браво Давид“, „Можеби  се појави и наследникот на Тоше, убаво момче и спот“, „Потесетува на Тоше, браво Давиде, одлична песна“ се само од некои од коментарите.

 

 

Инаку, ова не  е прва соработка на Рус и Темелков односно тие и соработуваа и на песните „Дишем за нас“, „Љубави“, „Све је пролазно осим твоје љубави“….

Во продoлжeние слушнете ја новата песна на Темелков.

To top