Радио Милева „фатална“ привлечност?

Помеѓу Елиф Елмас и Мартија Станојковиќ има некоја „тајна врска“, или само (еднострани) симпатии? (ФОТО)

Помеѓу Елиф Елмас и Мартија Станојковиќ има некоја „тајна врска“, или само (еднострани) симпатии? (ФОТО)

Неодамна, поточно за празникот на виното и љубовта Св. Трифун и Св. Валентин, јавност ја заскокотка размената на пораки или поточно емотикони со срценца и оганчиња помеѓу две македонски млади ѕведи. Едната веќе со интернационална спортска кариера, другата до домашна, музичка и обиди да се освои соседството.

Имено, фудбалскиот дијамнат Елиф Елмас и младата и атракативна пејачка Мартија Станојковиќ наговестија нешто, што навидум помина незабележано, за што многумина велат: „Таков беше денот, децата можеби се познаваат, па пријателски си делат и споделуваат комплименти“ и слично.

Да, таков беше денот, ама само оној кој вистински не љубел или поточно кој не бил „зацапан до уши“ во некого не знае што е тоа „фатална привлечост“… Имено како што уште тогаш, ден „после денот“ објавивме и  згодната кумановка  додека вози со полн гас, објавила идентична фотографија кај неа, а истата осамна и кај Елиф Елмас!?

Колку и да е случајно, а симпатијта само онака „виртуелна“, две нешта малку подоцна ја прават ситуацијата уште поинтересна.

Имено, Мартија направи преработка, односно отпеа една прекрасна акустична балада – „Nana triste“ („Тажна приспива“) од младата шпанска пејачка и композитор Наталија Лакунза.

Срцепарателна песна која Мартија ј донела со таква смоција, со екпресија во која ја вдахнала сета своја душа, што секој што ќе ја слушне, особено оние поискусните , ќе потврди дека вакава изведба не може да постои доколку не си длабоко заљубен. Вокалните спосбности настрана, но доколку срцето и љубовите чувства самите од тебе не излегуваат, доколку таа емоција не ја доживуваш, не можеш ни да ја испееш и пренесеш на другите. А младата кумановска пејачка во изведбата на песната буквално „се стопила“ со своите чувства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)

Ден-два откако ја објави на социјалните мрежи, една интересна фотографија од најноивата фотосесија на Мартија, која тогаш била о посета на Валенсија – Шпанија,  осамна на социјалните мрежи… И тоа замислете, кај никој друг, туку кај нашиот фудбалски дијамант – Елиф Елмас!

На неа испишан комплимент: „Убавата Мартија Станојковиќ“, а комплиментот зачинет со љубовен емотикон!

Оттука нова љубопитност со истото старо, скокотливо прашање: „Дали Елиф – нашиот фудбалски дијамант и Мартија – нашата нова пејачка ѕвезда не делат иста љубов на дистанца, во две различни гнезда?

Односно, дали  помеѓу Елиф Елмас и Мартија Станојковиќ има некоја „тајна врска“, или само… (еднострани) симпатии?

Фото: Инстаграм принтскрин/by.elmass/martijastanojkovic

 

 

To top