Бугарскиот пејач Васил Тројанов Бојанов, попознат како Азис, шокираше многумина со својот нов изглед.
Имено, Азис беше препознатлив по својот импресивен стајлинг. Пејачот драстично го промени имиџот, заменувајќи ја избелената коса и женската облека со мачо стил.
Тој неодамна беше гостин во емисијата Премиера-Викенд Специјал каде зборуваше за своите трансформации.
– Среќен човек сум затоа што имам многу пријатели во Белград, поради Ковид малку се оддалечивме, но на сите им праќам бакнеж, вели Азис и додава:
– Десет години немам направено трансформации, ова сум јас, природниот изглед е новата црна боја. Оваа година не ја видов вашата евровизиска пејачка, но трите девојки од минатата година се вистински бомби, ги пофали „Хурикејн“.
фото:alo.rs/printskrin