Радио Милева несудена наследничка...?

Помалата сестра на покојната Ксенија Пајчин ја интересира шоу-бизнисот: Дали Миа е подготвена да вплови во естрадните води? (ФОТО)

Помалата сестра на покојната Ксенија Пајчин ја интересира шоу-бизнисот: Дали Миа е подготвена да вплови во естрадните води? (ФОТО)

Атрактивната Миа Пајчин е новото заштитно лице на  брендот „The Babe Dynasty“. Поточно, таа е заштитно лице на урбаната „улична“ колекција на овој бренд, а освен што позира во моделите на оваа колекција, таа за првпат проговори за медиумите.

Миа ќе го прослави својот 26-ти роденден во август оваа година. Таа е сестра на трагично настраданата музичка ѕвезда Ксенија Пајчин, која досега ги одбиваше сите покани од медиумите и не сакаше јавно да се експонира.

Пајчин магистрирала економија, хоби и се пеењето, танцувањето и глумата, па во своето прво соочување со српските портали открила дека ужива да чита, но сака и да готви.

Бидејќи Миа откри дека и нејзиното хоби е пеењето, била запрашана дали размислувала можеби за своја, сопствена музичка кариера.

„Генерално, јас сум кариерист и би сакала да започнам сопствен приватен бизнис во мојата професија. Моментално работам на тоа, но еден ден би сакала и да имам своја модна линија“ – откри Миа Пајчин ексклузивно за еден српски портал, при тоа не споменувајќи ги естрадата и пеењето како нејзина примарна професија.

На ова многумина прокоментираа дек е „штета“ што Миа повеќе ја сака модата и модниот дизајн отколку естрадата, зашто според изгледот и пропорциите ги има сите предиспозиции да успее… Уште ако барем и малку умее пристојно да пее… Новата „урбано-естрадна секс бомба“  е родена…

Буквално може да биде достојна замена за нејзината покојна сестра Ксенија, на која неодоливо физички и потсетува, а можеби и повеќе од тоа.

Фото: Инстаграм принскрин/pajcin_mia

 

To top