Како што пишува „Ало“, пејачката Емина Јаховиќ уште пред пет месеци се смирила со поранешниот дечко, турскиот милијардер Садетин Саран.
Имено, како што пренесува „Ало“, Емина ја прекинала врската со турскиот милијардер уште во февруари, но набргу се смириле и ја кријат врската.
„Емина и Садетин само на кратко ја прекинаа романсата, но многу се смирија бидејќи сфатија дека не можат еден без друг. Бидејќи еднаш се излажаа кога признаа дека се заедно, сега одлучија да молчат за романсата и да се кријат додека можат. Меѓутоа, по пет месеци агонија, пејачката одлучи да ја прекине агонијата. И тоа поради бившиот сопруг Мустафа кој почна да и прави проблеми поради децата“ вели изворот за „Ало“ и додава дека турскиот пејач пред еден месец направил вистински хаос кога видел дека Емина ги шета децата со Садетин.
„Мустафа на почетокот не сакаше да ја коментира врската, но почна да му пречи кога децата почнаа многу да зборуваат за Садетин. Му кажаа дека одлично се однесува кон нив, дека одлично се забавуваат и дека обожаваат да одат на неговата јахта. Тогаш Мустафа полуде и не сакаше да ги врати децата на Емина. Не се јавуваше на телефон кога го бараше за да ги земе децата и тогаш настана хаос. Пејачката дури сакаше да повика полиција бидејќи не можеше да верува дека Мустафа сака да и ги земе децата поради врската со Садетин“ вели изворот и тврди дека поради инцидент, Емина ретко се слуша со Мустафа.
„Мустафа сепак и врати децата, но побара само во ретки прилики да ги води децата на прошетка со нејзиното момче. Емина му одговори дека ќе се потруди децата да не поминуваат многу време со Садетин, но не ветува. Исто така пред неколку месеци таа се пресели во европскиот дел на Турција за да биде поблиску до партнерот, а во јавност кажа дека е поради Мустафа и чување на децата“ тврди изворот.