Том Маркл, полубратот на Меган Маркл тврди дека станал бездомник поради теретот на неговото презиме, па така останал без многу работни ангажмани.
Тој ја осуди Меган и Хари дека се занимаваат со добротворни цели, а не помагаат на семејството.
Тој останал без работа и морал да се пресели кај својата мајка за да не заврши под мост.
„Бездомник сум и можев да се најдам под мост со натпис на картон и да просам пати“ вели Том.
„Тоа што е на кралскиот пиедестал и гледа што се случува на нејзиното семејство…требаше да биде похуманитарна со нас“ изјави Том.
Братот на Меган ја искоментира и одлуката на Меган и Хари да се повлечат од кралското семејство.
„Мислам дека кралската титула е една од најголемите достигнувања во текот на животот“ појасни Том и додаде дека парот не сака ничија контрола и дека сакаат приватност.