Раѓањето на Арчи, синот на Меган Маркл и принцот Хари изгледа може да ги поправи односите меѓу членовите на семејството.
Откако и го честиташе раѓањето на бебето, полубратот на Меган се обрати со отворено писмо.
„Се надевам дека ова бебе ќе помогне да се средат семејните односи, сите сакаме да го запознаеме и да станеме дел од неговиот живот, посебно татко ми“ вели Тома Маркл Јуниор.
„Можеби сега кога стана мајка ќе сфати колку е важно семејството и ќе дозволи татко ми да биде дел од тоа семејство. Секое ново бебе во семејството е важна работа, веќе долго време немавме принова и оваа е голема вест за нас“ додаде Томас.
Тој истакна дека неговата сестра ќе биде добра мајка.