Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот на Севиља Немања Гудељ се венчаа во манастирот Ражиновац во близина на Белград.
Цеца Ражнатовиќ за Информер.рс проговори за венчавката на нејзината ќерка Анастасија со фудбалерот.
– Славиме љубов, многу сум среќна. Им посакувам долг брак полн со љубов и среќен до крајот на животот. Срцето ми е полно – изјави фолк ѕвездата за Информер.
На тајната и интимна церемонија присуствувале само 10-те најблиски луѓе.
Анастасија за кума ја избрала својата пријателка од детството, актерката Тара Милутиновиќ, додека на Гудеља била кума и другарка од детството.
За оваа пригода невестата не облекла венчаница, туку долг бел фустан.
фото: Insatgram printskrin