Повеќе од 500 гости присуствуваа на свадбената веселба на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ, од кои повеќе од 350 беа гости на свекрвата Цеца.
Синот на фолк дивата вчера го кажа судбоносното „да“ во храмот „Свети Сава“ во центарот на Белград, а сватовите и гостите се собраа во хотелот „Хајат“ каде се одржува „свадбата на деценијата“, како што многумина па и српските медиуми ја нарекоа.
Меѓу познатите личности, новинарите ги уловија и Жељко и Јована Јоксимовиќ, Милан Калиниќ, Сања Маринковиќ, Саша Матиќ, Снежана Ѓуришиќ, Аца Лукас…
…И многу други познати политичари, ТВ водители, актери, јавни лица и естрадни фаци кои беа поканети и дојдоа на свадбата.
На веселбата присуствуваше и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој им посака среќа и благосостојба на малдите.
На прашањето дали и тој ќе запее, Дачиќ кој е познат по тоа што често се фаќа за микрофонот, на новинарите им одговорил:
„Искрено и мене тоа ме интересира“!