Полицијата во Хрватска неодамна го уапсила момчето кое е осомничено за нелегално крадење на неколку фотографии од Северина кои ги објави на интернет.
Северина немала мир додека не дознала кој и го хакирал телефонот и ги украл експлицитните фотографии кои завршија на насловните страници.
Полицијата и го соопштила името и презимето на момчето, а неодамна го уапсиле поради сомневања дека занимава со криминал.
Наводно во текот на апсењето се бранел со молчење, а наводно Северина инсистира да утврди дали тоа момче има и некаков контакт со Милан Поповиќ.
Имено, момчето кое го хакирало телефонот на Северина е стручно лице за такви сајбер криминали.
„Пријателка на Северина ми кажа дека кога се појавиле фотографиите, случајот го пријавила во полиција, а неодамна е уапсено и момчето кое е обвинето за тоа дело. Не знам како ќе заврши овој случај, но Севеирна по секоја цена сака да знае дали Милан стои зад тоа, бидејќи таа е сигурна дека тој ангажирал хакери“ вели извор близок на пејачката.
За потсетување, станува збор за експлицитни фотографии на кои се гледа како пејачката ги покажува голите гради во бањата во хотел.
Фотографија која најмногу привлече внимание е како Северина лежи гола во кревет.
Ова не е првпат хрватската пејачка да се најде во центарот на вниманието поради експлицитни содржини.