Радио Милева

Полицаец играше во „Се или нешто“, па ја стави Лила во незгодна ситуација за еден нејзин прекршок

Полицаец играше во „Се или нешто“, па ја стави Лила во незгодна ситуација за еден нејзин прекршок

Секое издание од квизот „Се или нешто“ кој се емитува на телевизија Сител, е интересно само по себе, бидејќи во секоја емисија има различни профили на натпреварувачи.

Во последната и најнова наспроти Лила и во битка со банкарот, беше младо 26 годишно момче кое по професија е сообраќаен полицаец кој работи во Скопје.

Среќата не баш го послужи, бидејќи уште на почетокот ги отвори кутиите со највисоките суми, па возбудата спласна бидејќи очекувано бакарот имаше ниски понуди. Играта не беше сјајна, но затоа интересен беше моментот кога Лила го праша младиот полицаец дали се знаат од некое друго место, зашто и изгледа познат.

Тој и одговори потврдно, а со тоа наедно и откри како се „запознале“, односно имале непријатана средба.

Имено, тој и откри дека бил полициаецот што знаедно со пајак службата и ја кренале колата за непрописно паркирање во скопско „Дебар маало“.

Лила беше изненадена што се случи за прекршокот да се дознае јавно, но се пошегува со него и го праша дали платила, а тој и возврати дека од нив немало бегање.

Возбуда во играта со банкарот немаше, но затоа  е тука Лила која е неповторлива за да го направи шоуто забавно како и секогаш.

Си призна дека тоа ја снашло, но дека едноставно и се пиело кафе, а немала каде да паркира.

фото:инсатграм/лилафилиповска

To top