Радио Милева
одлука

„Полека одбројуваме“ – Луна Ѓогани откри дали и сопругот ќе присувствува на породувањето (фото)

„Полека одбројуваме“ – Луна Ѓогани откри дали и сопругот ќе присувствува на породувањето (фото)

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ со нетрпение го очекуваат раѓањето на нивната втора ќерка, која решиле да ја крстат Лана, а Ѓогани сега откри дали нејзиниот сопруг ќе присуствува на породувањето.

Луна во своето обраќање во живо откри дека по втор пат ќе се породи со царски рез, а потоа откри дека токму тоа е причината што Марко нема да смее да биде во операциона сала.

– Веројатно не, затоа што се работи за царски рез, а потоа никој не смее да биде присутен, освен докторот, но ако даде Господ, ќе имаме стан за Марко да дојде со Миа и да го видиме бебето и мене. Ќе се информирате на време, полека одбројуваме, најмногу уште месец и половина. Оваа бременост само што прелета – изјави Луна.

Првата ќерка на Луна и Марко, Миа, неодамна го прослави вториот роденден, а родителите и приредија бајковита прослава.

Фото: Принтскрин/Инстгарам/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева