Радио Милева поддршка и респект за уметникот

Покрај неговата Каролина, еве кои познати Македонци му дојдоа на отворањето на изложбата на Михаил Корубин во Њујорк (ФОТО)

Покрај неговата Каролина, еве кои познати Македонци му дојдоа на отворањето на изложбата на Михаил Корубин во Њујорк (ФОТО)

Младиот македонски ликовен уметник и соднеодамна сопруг на нашата пејачка каролина Гочева, Михаил Корубин завчера, 18-ти април, 2019 год. ја отвори својата соло-изложба „Gaze“ во галеријата МЦ во Њујорк, која вклучува слики од среден до голем формат во масло и акрилик на платно. Неговата соруга и негова муза, Каролина е со него и го придружува во Њујорк.

Разбирливо таа вечер таа беше покрај него, за да да му даде поддршка и кураж, да му биде потпора и потстрек во отворањето на патот кон уметничката славанадвор од границите на Македонија. Впрочем, како што веќе пишувавме и е познато, Каролина е и на насловната фотографија на најавата за изложбата во „Големото јаболко“ на нејзиниот сопруг.

„Мило ми е да ја најавам мојата соло-изложба ’Gaze’ во Галеријата МЦ во Њујорк. Се надевам дека ќе се видиме таму наскоро“, објави Корубин на својот Фејсбук профил непосредно пред заминувањето за САД.

И навистина таа вечер њујоршката „МЦ галерија“ била полна со интересенти, љубители на уметноста кои дошле на отворањето на изложбата на младиот македонски уметник.

Меѓу сите поканети званици и Македонци кои живеат и работат во овој светски центар на модата, уметноста, културата…

А меѓу Македонците и неколкумина познати уметници, ама овие – музички.

Имено македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев кој со години живее и работи во Њујорк беше еден од соработниците на Каролина која ја отпеа неговата песна „Зборови немам“.

Покрај него тука беше и стариот соработник на Дуке, македонскиот виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски кој исто така дојде да му даде поддршка на уметникот Корубин, но и сите заедно да се видат и добро да се дружат со Каролина и Михаил и по изложбата.

Веројатно после таа вечер најдобро и прилегаат стиховите од текстот на заедничката песна на Дуке и Каролина: „Зборови немам да опишам, што чувствувам вечерва, во песна ги точам јас мислите мои за тебе…“ А кој да знае, можеби токму од оваа дружба  и ќе произлезе уште некоја нова заедничка песна.

 

To top