Радио Милева хонорарот од настапите, исчезнал?

Покојниот Шабан ограбен: Во моментот на несреќата во џебот имал над 15.000 евра, кои сега никаде ги нема?

Покојниот Шабан ограбен: Во моментот на несреќата во џебот имал над 15.000 евра, кои сега никаде ги нема?

Единствениот преживеан од автомобилот во кој на 17 февруари  трагично загинаа Шабан Шаулиќ и неговиот возач Мирсад Кериќ, кумот на фолк ѕвездата Слободан Бобан Стојадининовиќ за српски “Блиц” открил дека во моментот на несреќата Шабан кај себе имал многу пари во кеш, заработени на трите последни настапи.

Имено, во јавноста се појавија шпекулации дека од автомобилот во кој се случи несреќата од Шабан, Мирсад и Слободан биле украдени над 15.000 евра, а кумот на Шабан потврди дека фолкерот имал пари и открил детали од самото место.

Еден од негов настап чини многу, не мора да кажам колку, но може да се претпостави. Сведок сум, на последните три настапи каде што бевме дека се заработени преку 20.000 илјади евра. Шабан потороши  нешто во последните седум дена,  но сепак имаше околу 15.000 евра кај себе, бидете сигурни. Мене ми даде нешто пари, бидејќи јас му купував некои работи. Го прашав зошто носи толку многу пари, а тој ми рече: “Сакам да имам кеш кај себе”. Ги носеше во џебот од јакната. Не знам дали е точно дека се украдени, верувајте дека немам поим. Не можам да верувам, затоа што сите лични работи беа расфрлани на патот. Но, парите го држеше кај себе и не можеле да паднат никаде, зашто беа во џебот. На пример, јас имав торбичка, која ја држев кај себе, стоеше префрлена на моето тело. Ми беше сè исечена за да ме извадат полесно. Потоа ја најдов, но во неа не беше ниту пасошот, ниту осигурителната картичка. Имав малку пари, а Шабан имаше многу пари, но не знам што е со нив“ – изјавил кумот на Шабан Шаулиќ,  Бобан Стојадиновиќ.

Фото: westfalen-blatt.de/ Драган Удовчиќ

To top