По погребот на принцот Филип британските медиуми пишуваат за тоа кој ќе го добие неговото наследство.
Имено, принцот зад себе оставил богатство кое што се проценува на околу 10 милиони фунти кои што ги заработил во текот на кариерата во морнарицата, а не треба да се заборави дека и како член на кралското семејство заработувал околу 400 илјади фунти годишно, наведува „Express“.
Освен тоа, со кралицата тој вложувал и во недвижнини, акции и уметнички колекции, но и ретки книги.
View this post on Instagram
Кралското семејство не ја открило содржината на тестаментот на принцот Филип, па единствено е познато дека неговата кочија ќе ја наследи неговата внука Лејди Луис, 17-годишната ќерка на принцот Едвард која што со својот дедо ја делела страста кон коњите и кочиите.
Дел од неговиот имот ќе го наследат неговите четири деца (принцот Чарлс, Едвард и Ендру, како и принцезата Ана), но за поголемиот дел од наследството се претпоставува дека ќе ѝ припадне на кралицата Елизабета.
Иако се очекуваше дека неговата титула ќе ја наследи принцот Едвард, таа сепак ќе му биде доделена на Чарлс.