За нејзе годините се навистина само бројка… Само гол податок во личната карта! Нејзе времето не и може ништо. Колку повозрасна – толку поубава, позгодна, посекси, пораскошна, попожелна…
Се’ или нешто има само кај банкарот! Кај неа има или се’ или ништо! А од се што имаше до сега да покаже дојде на ред и тоа… Да покаже дека умее и фатена на шипка!
Неееее, не е она што мислите, напротив… Лила Филиповска со кусото „хоум видео“ само сакаше да покаже како ја одржува линијата, како ја гради фигурата на нејзината стројна става, како го ваја своето тело – вретено!
А, како поинаку, ако не во теретана! Меѓудругото и со шипка в раце! Само што на Лила не и требаат тегови. Доволна и само шипка. Она другото и онака доволно натежнало, па се прелева од маичката на секое нејзино наведнување нанапред, при секое нејзино „чучнување“!
Еден, два, три… „ѕирна па се скри“! И така десетина пати… Лила со својата „посакувана тежина“ за телесна свежина, рамна снага и… „очи полни желба“. Колективна! Жените да изгледаат како неа, а мажите… Погледнете подобро, зашто… ова еднаш се гледа: