Принцот Вилијам покрај своите државни и службени должности, не ги заборава ниту своите хуманитарни активности.
Уште во 1993 година негова мајка Дајна прв пат ги однела принцот Вилијам и принцот Хари во хуманитарниот центар „The passage“ кој им помага на бездомниците да имаат топол оброк.
Па така, двајцата принцеви секогаш кога можат сакат да помогнат во овој дом.
Деновиве, во домот бил и војводата кој заедно со директорот Мик Кларк подгтвувале паста.
Војводата кој веќе има слично искуство, одлично се снајде во домаќинските активности.
фото:Гуливер/Гути