Изминатиот период голем број на јавни личности пребаруваа по своите фотографии и објавуваа фотографии од свето детство, почетокот на кариерата, од семејството и слично.
Овој пат уште една македонска пејачка извади фотографија од архива и покажа како изгледала како дете.
Погодувате ли која пејачка е ова русокосо девојченце?
Станува збор за младата музичка ѕвезда, пејачката Антониа Гиговска.
Антониа својата голема популарност ја стекна во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвезди“ каде што често добиваше пофалби за својот глас, но и за својот стас.
Жирито често и упатуваше пофални зборови за нејзините вокални способности и ги добиваше сите гласови.
По завршувањето на шоуто, таа продолжи да ја гради својата музичка кариера, снимаше неколку песни кои добија позитивни криктики, а се чини дека онаа последната, „Хиена“ испеана заедно со дуото „2Бона“ дефинитивно засега и е убедливо најслушаната.
View this post on Instagram
Гиговска исто така пееше и придружни вокали на познати пејачки, а меѓу нив и Тамара Тодевска на која и беше еден од придружните вокали на Евровизија.
View this post on Instagram
Она што ја прави актуелна во јавноста се и храбрите фотографии кои активно ги споделува на социјалните мрежи, како и нејзината врска со пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/jovanov_ivan/antoniagigovskaa