Радио Милева кафе на месечината

Погледнете како Лила спадна од коњ на магаре: „Господе здравје давај, за памет доцна е“! (ФОТО)

Погледнете како Лила спадна од коњ на магаре: „Господе здравје давај, за памет доцна е“!  (ФОТО)

Најпознатата и најпопуларна македонска ТВ водителка Лила Филиповска се здаде во нова авантура. Како проверен трагач по возбуди, Лила не чекаше возбудата да и дојде сама, туку и овој пат таа и тргна во пресрет, па реши да фати пустина… Поточно да заврши во  прегратките на арабиската пустина.

А кога ќе се најдеш среде пустина не важат истите правила како оние во урбана средина.  Како на пример превозот, кој во старт е поинаков…

Камилата е  основното и најпознатото превозно средство во пустината, ама на Лила некако и се виде висока за качување, а во моментот и камилите беа „паркирани“ на пауза за појадок, па водителката мораше да се задоволи со алтернативна варијанта. До душа, среде пустина  „на коњ си“ ако ја имаш, а на Лила токму тоа и се посреќи: Да јава коњ, иако не и е прв пат, зашто водителката веќе има јавачко искуство.

Да, ама не и среде пустина! Патем да го користи и како „пустинско такси“ што ќе ја однесе до посакуваната локација – изгубениот град Петра.

А таму,  поглед од милион долари од кој ќе ви се смрзне крвта во жилите.

Резултатот: Селфи над бездната на ТВ водителката!

По разгледувањето на пустинските убавини и знаменитости… време е за дома. Или поточно, за во хотел среде пустина. Ама од една до друга дестинација одново потребен е такси превоз. Камилите беа веќе букирани од мноштвото други туристи, коњите си заминаа назад, па на Лила не и преостана ништо друго освен да се снаоѓа како знае и умее од она што  и преостана како превоз низ пустината.

Сакала или не, водителката мораше да прифати компромисно решение.  Од максимата: „Господе здравје давај, за памет доцна е“, Лила го извлече она второто, па паметно го прифати компромисот – да спаднеш од коњ на магаре!

Иако како и со коњите и со магаренцата Лила има искуство уште од дома.

А, магаренцето не само што и заврши работа, туку на водителката и стана и ново другарче кое ја дружеше дури до месечината.

Така се вика барем локацијата во пустината каде што се наоѓаше нејзиниот пустински апартман.

Дали во него Лила по бурниот ден имаше и бурна ноќ, остана пустинска мистерија, ама затоа утрото и започна со појадок и кафе… како да го пиела на месечината!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska

 

To top