Радио Милева

Погледнете како ќе изгледа македонската разгледница на Евровизија (фото+видео)

Погледнете како ќе изгледа македонската разгледница на Евровизија (фото+видео)

Пред неколку дена заедно со дел од членовите на евровизискиот тим од македонската телевизија, Тамара Тодевска отпатува во Тел Авив, Израел, каде од 14-ти до 18-ти мај ќе се одржува 64-та „Евровизија“.

Тамара во метрополата на Израел пристигна порано со цел да ја сними македонската разгледница, која како и за другите земји учеснички се емитува пред настапот или изведбата на големата евровизиска сцена.

Уште пред полетувањето од аеродромот во Скопје, Тамара ги извести своите фанови дека патува кон Израел, а потоа следеа и објавите со мноштво фотографии од градот, знаменитостите, дружењето, но и моменти од подготовките на снимањето на македонската разгледница.

Тамара заедно со уште троца момци и една девојка позира и изведува интересна кореографија, а сите заедно се облечени во зелено.

Денес прекрасно си поминав на снимањето на евровизиската разгледница. Големо благодарам на целиот тим што направи да се чувствувам толку добредојдено. Многу сум горда што сум дел од ова неверојатно патување, напиша Тамара во описот.

Како ќе изгледа финалниот резултат, останува да видиме на 16-ти мај во втората полуфинална вечер, кога Тамара Тодевска ќе ја претстави Македонија со песната „Proud“.

 

To top