Анабела Атијас и Гаги Џогани некогаш важеа за совршен пар, меѓутоа по одредено време тие се разведоа. Од бракот имаат две деца, ќерките Луна и Нина.
Периодов, Луна Џогани е активна во медиумите со нејзиното учество во „Задруга“, каде што имаше љубовна врска со оженет маж, Слоба Радановиќ.
Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија од свадбата на Анабела и Гаги.
Анабела тогаш имаше руса коса и носеше венчаница од тантела.
Додека младоженецот беше облечен во сино одело со шарена вратоврска.
За потсетување, ќерката на Анабела и Џогани, Луна Џогани го освои второто место во реалното шоу, а деновиве во медиумите се појавија информации дека модната блогерка ќе влезе во „Задруга 2“.