Ќерката на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ, Александра никогаш не сакаше да биде изложена пред јавноста, а според коментарите на многумина порасна во убава девојка.
Александра има 20 години, студира продукција и нема никаков интерес за шоу-бизнис, во кој нејзините родители се многу успешни.
Симпатичната русокоса ја обожава својата работа, а во повеќе наврати е видена во „стори“ објавите на српскиот фотограф Дејан Милиќевиќ.
Дека не и се допаѓа јавниот животен стил докажува и фактот дека не сакала да го организира својот 18-ти роденден гламурозно и со многу гости, туку сакала да го помине помирно, во кругот на нејзините најблиски, за што Саша еднаш изјави за медиумите.
“Ја прашав дали сака поголема прослава, но таа сакаше да го прослави тој ден со неколку свои пријатели и семејството. Ние го прославивме нејзиниот 18-ти роденден многу убаво, тивко, без никаква помпа. Таа не пуши, не пие, не се дрогира и не носи пирсови, рече тој тогаш.