Сопругата на фудбалерот Предраг Рајковиќ, Ана Рајковиќ го прослави својот 27 роденден, а дел од атмосферата од прославата сподели на мрежите.
Ана на својата инстаграм приказна ги воодушеви сите со фотографија на која се бакнува и гушка со сопругот, а тука се и нивните два сина.
– Кога тато ја бакнува мама – напишала Ана со емотикон на смајли што плаче од смеа.
– Ви благодарам за убавите желби – додала Ана.
View this post on Instagram
Инаку, Предраг и приреди изненадување, купи торта со црвен дизајн и многу срциња, а фотографијата ја сподели на мрежите, па може да се каже дека нивната љубов цвета и дека се заљубени исто како на првиот ден.
View this post on Instagram
– Среќен роденден на најдобрата мама и сопруга на светот. Те сакам најмногу на светот – напиша тој.
Ана Рајковиќ, да потсетиме, се најде во центарот на скандал кога, како што и самата раскажа, нејзините пријатели и наместиле афера во Катар додека се уште траело Светското првенство. Тогаш Ана беше доведена во врска со друг спортист од репрезентацијата. Таа жестоко ги демантираше озборувањата, а подоцна откри дека нејзините пријатели ја измислиле приказната за, наводно, да и се одмаздат што отпуштила еден од нив од нејзината продавница, како и дека застанала на патот на лагите со помош на полицијата.
– Карма е кога другите ви ги рушат ѕидовите, а подоцна истите паѓаат врз нив – напиша неодамна Рајковиќ, а потоа објави и семејни фотографии со сопругот и синовите.
Фото: Принтскрин/Инстаграм