Галена ги изненади своите обожаватели со секси календарот за новата година. Пејачката се пофали со фотографиите од него на својот профил на Инстаграм.
На фотографиите, фолкерката се појавува во предизвикувачки пози, а е облечена во различлни модели на бела еротска долна облека.
Фотографиите веднаш собраа деситици илјади лајкови, а фановите не штедат комплименти за својата миленичка.
Галена им се обрати и објасни зошто решила да се фотографира на календарот:
„Се чувствував навистина прекрасно минатата година кога заедно го делевме почетокот на секој месец. Затоа, решив повторно да подготвам мала „благодарност“ за сите што сакаат да ме „гледаат“ секој ден.
Ви го претставувам календарот – Галена 2020, што ќе ви го дарувам на нашите средби во кои ќе славиме заедно, во сите ноќи кои ќе поминат во слатки емоции!
Ви посакувам многу убави моменти во 2020 година“ – напиша во обраќањето сексапилната бугарска фолкерка.