Во минатото издание на Едноставно заводливо имавте можност да го видите единствениот Војо Иванов кој повеќето го етикетираат како „Војо оној со животните“, кој што ни го откри своето секојдневие кое и не е така еднолично како на повеќето од нас.
Со господинот Менсур Ајдин кој е првак во куглање ве потсетивме дека од толку многу модерни спортови го заборавивме куглањето како стар добар друштвен спорт,
а нашиот гостин водител Влатко Павлески од танц студиот „Прима Данца“ ви го претстави најмладиот сатиричар кај нас, Марјан Ангеловски кој има издадено и книга со афоризми „Македонијо, оф мори мајко“.
И на самиот крај, задачата за добро расположение ја доби ДЈ Тина Мицковска, која со своите пет музички предлози успеа да ве опушти пред напорниот понеделник!
Погледнете го последното издание од вашиот омилен урбан магазин „Едноставно заводливо“!