Се е подготвено за 5 септември, кога започнува новиот циклус на кулинарски натпревар „Мајки и снаи“. Познатото водителско дуо Сека Алексиќ и Радомир Раша Влачиќ најавуваат уште повозбудлива сезона со нови натпреварувачи и нивните необични семејни приказни.
Во текот на претходните две сезони преовладуваше многу смеа, изненадувања, кулинарски трикови, солзи радосници, но и трансформации.
Сека во секоја епизода се погрижи да изненадува со различен имиџ, а особено експериментираше со косата.
Она што е сигурно е дека секоја фризура на Сека изгледа добро, а еве ги нејзините најдобри изданија!
Која од фризурите на Сека најмногу ви се допаѓа?
Фото:Принтскрин/Курир тв