Радио Милева Се' за љубов

Погледнета ја луксузната вила каде живеат Атастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во Шпанија (виедо)

Погледнета ја луксузната вила каде живеат Атастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во Шпанија (виедо)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ веќе некое време уживаат во љубовта, а дека имаат големи планови за иднината покажува и фактот што сакаат да започнат заеднички живот. Немања Гудељ поради кариерата моментално живее во Шпанија, а пејачката често патува таму за да помине што повеќе време со својота сакан.

За поддршката на Анастасија за фудбалерот сведочи и нејзиниот наводен договор да се пресели со фудбалерот во Турција, каде српскиот репрезентативец доби одлична понуда.

Без разлика дали станува збор за Белград, Севиља, Ибица или некоја друга дестинација, заљубената двојка ужива во секој заеднички момент, а Анастасија која се почесто објавува фотографии од нивното љубовно гнездо, овој пат ги почести своите следбеници со видео.

Анастасија сподели малку од атмосферата од дворот на величествената вила во Шпанија каде младата музичка ѕвезда поминува се повеќе и повеќе време, а во позадина се гледа сиот луксуз со кој се опкружени, а на наследниците на Цеце секако ништо не им недостига.

Додека чекаше нејзиното момче да ги заврши фудбалските обврски, Таса си најде хоби на „Инстаграм“, а судејќи по доброто расположение и коментарите дека никогаш не изгледала поубаво, многу и се допаѓа неговото внимание.

– Колку се заљубени тоа не мора никому да го признаат затоа што тоа се гледа. Уште од првиот ден „кликнаа“ и на сите им беше јасно дека овој однос ќе биде поинаков во случајот на двајцата – изјавил неодамна извор близок до Гудељ, пренесува „Блиц“.

фото: Instagram/Атанстасија Ражнатовиќ

To top