Кристина Димитри конечно ја објави долгонајавуваната нова песна со мошне интригантен наслов… „Ми го е*а денот“! Истата ја најави уште речиси два месеци пред Нова година и тоа со ништо помалку провокативна најава. Проект кој го најави со спуштени панталони!
Многу се*с… И во насловот на песната и прилично еротика во кадрите со кои Кристина спотот за истата го најавува.
Не дека Кристина и досега не сме ја виделе разголена – напротив, голотијата во речиси секоја нова објава за неа како да станува императив, ама овој пат во прашање е нешто друго. Откако ја слушнаа песната, многумина веднаш прокоментираа или барем се запрашаа колку е автобиографска? Или поточно, колку пејачката овој пат покрај телото ја разголела и душата?
View this post on Instagram
Стиховите од типот: „Многу е добар, тоа баш ме нервира, јаде тоа што му сервирам“… можеби подзаличуваат на едно минато време од бракот со пејачот со „Х-фактор“, кога тогашната мисица во мирување, а сега пејачка со обид за кариера во прогрес, беше само споруга, мајка и домаќинка. Причина повеќе за сомнеж се и скриените амбции на сексапилната тетовка, кои набргу по разводот ќе излезат на виделина, па оттаму и прашањето, ако во нејзината нова песна има автобиографија, на кого истата се однесува? Зашто стиховите од типот: „Сите очи се во мене, тоа баш ти смета тебе“, може да се однесуваат и на обајцата тогашни сопружници… Таа згодна мисица, тој музичка ѕвезда! А и останатиот дел од текстот како: „Со тебе се’ ми е на ризик, со тебе се’ е тешко место easy…“ – исто толку можат да се протолкуваат како ситуација од некои не така далечни времиња.
Денес приказната сосема поинаква, секој на своја страна, приватно доволно среќен, со своја кариера… Барем така тоа изгледа или така се прикажува!? И секако со по некој заеднички именител од кој најврзливо ткиво е секако малиот наследник. Но и со по некоја лузна од минатото која останува да провејува, па одвреме – навреме истата се појавува како на пример при гостувањето на Кристина во емисијата „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков, која (не)сакајќи, меѓу редови , а сепак директно и го постави прашањето: „Кој кому му го е*ал денот“? Фигуративно секако, прашувајќи ја: „Кој од кого подобро се разведе?“, на што Кристина малку се помисли, па одговори како што одговори!
Кој кому му го е*ал денот и дали – денес е ирелевентно. Конечно, подобро денот, отколку животот! Овој што преостанува да се живее, додека оној заедничкиот од минатото, можеби сепак најдобро го опишува песната… „Ми го е*а денот“! Можеби!?
Фото: Инстаграм/kristina.dimitry