Радио Милева

„Подготви се, ќе одиме на едно место“: Испливаа непознати детали од свадбата на Саша Поповиќ и Сузана

„Подготви се, ќе одиме на едно место“: Испливаа непознати детали од свадбата на Саша Поповиќ и Сузана

Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ пред 22 години сколпија брак, а кумови им беа Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Венчавката на Саша и Сузана која се одржа во 1998 година во Белград беше една од најгламурозните во тоа време, а за тоа сведочат и снимките кои дури сега се објавени.

фото: Принтскрин

Сузана Јовановиќ беше гостинка во емисијата „Гламур специјал“, пејачката откри детали од своето раѓање, па се до денес.

Во поголемиот дел од емисијата Сузана зборуваше за нејзиното запознавање со Поповиќ.

„Во 1996 година пеев кај Злата и Пеја на свадба, а Саша дојде како гост. Уште тогаш ми фрли око. Но, Сале како познат заводник меѓу жените, не покажуваше интерес за мене, туку јас тоа го слушнав од други луѓе. Воспоставивме контакт. Ми рече: „Ајде ќе се слушнеме, можеби некогаш ќе се јавиш“. Меѓутоа, јас тогаш многу работев, не размислував многу за тоа, посебно не дека нешто може да има меѓу нас“ изјави Сузана и откри дека нивната следна средба се случила после една година.

фото: Принтскрин

Тие откриле дека се еден за друг на едно кратко патување:

„Мојот возач не можеше да ме однесе до Јагодина каде што имав настап, па го замолив Саша да ме однесе. Кога стигнавме таму, тој ми рече: Ајде да те бакнам. Ти си моја девојка, жена“. Бев шокирана. Тоа беше бакнеж во образ. Потоа, ми кажа дека треба да живеам со него. Но, воопшто не разговараме за тоа дали ќе склопуваме брак. Еден ден ми кажа: „Суле, ајде подготви се, те носам на едно место“. Заминавме во Нови Сад, во златарата на еден негов другар, а таму го одбрај својо свршенички прстен. Венчавката беше преубава, имаше многу наши пријатели“, вели Сузана.

фото: Принтскрин

На нивната свадба кумови беа Лепа Брена и Боба кои веќе беа во брак и имаа два сина.

Од колегите присуствува Весна Змијанац, Злата Петровиќ, Јашар Ахемовски и многу други.

To top