Водителката Милена Антовска изминатиот период редовно беше на терен и известуваше за новите случувања за пандемијата со коронавирусот.
Со опрема за заштита од корона, Милена храбро и професионално си ја работеше работата.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/milena-antovska-im-se-obrati-na-site-shto-i-se-potsmevaa-bidejkji-nosi-vizir-foto/
Меѓутоа, сега е време за пауза и да малку да се одмори.
Иако се уште не знаеме дали ќе може да заминеме на некоја егзотична дестинација надвор од државата, дотогаш можеме да уживаме во убавините на Македонија, да уживаме на некоја од македонските плажи покрај езеро.
Некои од познатите веќе го искористија убавото и топло време за да заминат во Охрид и да се релаксираат подалеку од секојдневието и да го одморат мозокот од лошите вести за короната.
Милена овие денови одлучи батериите да ги полни во прекрасниот Дојран.

Друштво и правеше нејзината ќеркичка Лана Марија, а водителката во кратките приказни на Инстаграм ја забележа нивната прошетка покрај кејот на Дојранското езеро.


Освен тоа, Антовска имаше и неочекувана средба, односно сретна верни гледачи на Утринската емисија на Канал 5 телевизија.
Веруваме дека Милена добро ќе ги наполни батериите и со полна енергија ќе се врати на секојдневените обврски и професионални ангажмани.