Радио Милева

Подалеку од секојдневието и обврските: Миа Костова и Елена Стефановска уживаат во зимска идила (фото)

Подалеку од секојдневието и обврските: Миа Костова и Елена Стефановска уживаат во зимска идила (фото)

Некои од македонските јавни личности го искористија почетокот на годината и празниците за да спојат убаво и корисно за да уживаат некаде во некоја зимска идила.

За разлика од некои кои празниците ги дочекаа во домашен амбиент, македонските водителки Елена Стефановска и Миа Костова ја подготвија зимската опрема и уживаат во зимската идила.

Имено, Елена Стефановска се одлучи за поблискиот крај, поточно заедно со момчето Бојан ужива во снежните убавини во Маврово.

фото: Принтскрин/инстаграм

Таа живее живот со полн стил, па редовно ги известува своите следбеници за нејзините патувања и активности, а  така и беше овој пат кога на „Инстаграм“ се пофали како ја стартуваше 2020 година.

фото: Принтскрин/инстаграм

Екс водителката на „Бекстејџ“, Миа Костова, Божиќните празници ги поминува надвор од границите на Македонија, поточно во соседна Бугарија каде што ги полни батериите за почетокот на новата година и за новите придизвици и обврски.

Таа на социјалните мрежи не се штедеше да се пофали со неколку фотографии.

фото: Инстаграм
фото: Инстаграм

Ако судиме по почетокот на годината, тогаш 2020 година за македонските водителки ќе биде полна со патувања.

To top