Како и секоја година, така и оваа во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ освен учесници од Србија, има и натпреварувачи и од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Македонија…
Оваа сезона до третиот круг во музичкото шоу успеа да стигнат Елена Миленковска, Огнен Здравкоски, Адам Лабунски, Стефан Величковски, Мартинијан Кириловски….
Со новата сезона, новиот круг и нови правила. Имено, секој од кандидатите има свој ментор кој му помага да се подготви, а Елена Миленковска заедно со Ана Бекута и нејзините соработници се бори да стигне што подалеку.
Имено, во третиот круг кандидатите ќе настапуваат во дуели.
Пред некој ден во студиото на Гранд, се влечеше ждрепка со која се бираа кој против кого ќе настапува.
Нашата Елена Миленковска која е во тимот на Ана Бекута ќе настапува против кандидатот на Саша Поповиќ, односно дуото Велдина и Садо.
Кога Саша го претстави противникот на Елена, Ана Бекута кратко прокоментира: „Полека Саша, тивка река брег рони, секогаш така било“.
И изгледа била во право и нејзината теза се покажа како точна.
Со други зборови кажано, Елена и овој пат растурила на сцената на продукцијата, па поминала директно во четвртиот круг.
Таа на социјалните мрежи се пофали со нејзиниот успех, а кои песни ги пеела и како се претставила останува да видиме во некоја од следните емисии.
Како ќе се претстават и останатите македонски кандидати и дали некој од нив ќе биде во финале, останува да следиме и да ве известиме.