Во Велес од денес до сабота ќе се одржи првата стрип колонија во Македонија.
Според организаторите, колонијата е еволутивен напредок во организирањето на традиционалниот стрип салон,кој секоја година се организира во Велес.
На првата стрип колонија ќе учествуваат гости од Србија, Лесковац и Белград, потоа Црна Гора и автори од разни генерации од Македонија.
Нивна задача за време на престојот ќе биде да нацртаат стрип, без оглед дали е претходно подготвен. Под будното око на специјалниот гостин Владимир Весовиќ од Белград тие ќе ги развваат своите способности. Стрип колонијата во Велес ќе се одвива во просториите на Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски.“
Нацртаните стрипови ќе бидат во конкуренција за првата награда на веќе објавениот интернационален стрип конкурс (рок 20 септември) а со тоа и објавување во ревиите „Стрип креатор“ и „Алманах“ ,како и традиционалната стрип изложба, во средината на месец октомври во Велес.
извор: radiomof.mk