Радио Милева

Почнаа подготовкитe: Турунџиеви забрзаа со свадбата! (фото)

Почнаа подготовкитe: Турунџиеви забрзаа со свадбата! (фото)

Минатата недела топ тема од забавните рубрики во медиумите беше свршувачката на ќерката на Сузана Турунџиева, Лора која му кажа „Да“ на своето момче Филип Наунов.

Во изјава за еден медиум среќната мајка изјави дека се планира и свадба, а пак заљубените млади ваквите статии си објавија на своите Фејсбук профили.

И баш кога стивна „галамата“ околу мажачката на Лора, мама Сузе на својот профил објави фотографија со тазе зетот и ќерките на која стави опис дека свадбата е во прогрес.

Очигледно на младите ептен им се брза да запловат во брачните води штом недела дена по свршувачката веќе ги стартуваа подготовките за свадбата.

To top