Радио Милева жртва на естрадно - политчката кујна

Починатиот Сања Илиќ го напиша еден од најголемите ЈУ хитови, кој доживеа невидена неправда: На неговата „Принцеза“ некој однапред и кажа „Чао аморе“

Починатиот Сања Илиќ го напиша еден од најголемите ЈУ хитови, кој доживеа невидена неправда: На неговата „Принцеза“ некој однапред и кажа „Чао аморе“

Српскиот музичар,  фронтмен на групата „Балканика“, композитор и архитект, Александар Сања Илиќ, почина вчера, недела. 7 март 2021 год. од последиците од коронавирусот на 70-годишна возраст.

Сања зад себе остави широк опус на композиции што ги создаде, но малкумина знаат дека тој учествувал во компонирањето на песната, која важи за еден од најголемите југословенски хитови, а ја пеат Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ, несудената евровизиска балада „некаде надвор од планетатата“ или попозната како  – „Принцеза“.

Имено, во 1984 година оваа песна речиси ќе ја претставуваше Југославија на Евровизија, но поради т.н. „Југословенски клуч“, не го освои првото место на „Југовизија“, иако песната стана еден од најголемите хитови на тогашна Југославија. Музиката ја компонираше Сања Илиќ, текстот го напиша Дадо Топиќ, аранжманот го направи Слободан Марковиќ, а ги отпеа придружните вокални линии и вокален продуцент на композицијата беше Слаѓана Милошевиќ.

„Тогаш проработе таканаречената естрадно-политичка  југословенска кујна. Сите центри гледаа кој има најдобра песна и потоа му ги ништеа бодовите. Победничката песна во тоа време не беше од Подгорица, туку од Загреб. Во тоа време Загреб и Подгорица му „симнуваа“ поени на Белград, па „Принцеза“ не беше ниту прва ниту втора, туку некаде шеста, а на Евровизија отидоа Владо Калембер и Изолда Баруџија со песната Чао аморе“ – раскажа своевремено, сега веќе покојниот Илиќ.

Неколку недели по завршувањето на натпреварот, ПГП РТБ го издаде макси синглот „Принцеза“, кој беше најпродаван во Југославија таа година, а песната стана хит на годината. Оваа композиција најчесто беше избирана за најдобра балада на сите времиња на овие простори. Квалитетот на песната беше препознаен и од другите култури, така што „Принцеза“ има свои верзии на повеќе јазици, во повеќе земји низ светот.

To top