Радио Милева шокантна замена на идентитетот

Починал Милиќ Вукашиновиќ? Не, ама на Интернет жив го погребаа! (ФОТО)

Починал Милиќ Вукашиновиќ? Не, ама на Интернет жив го погребаа! (ФОТО)

Во понеделникот вечерта на социјалните мрежи осамна веста дека легендарниот рокер Милиќ Вукашиновиќ ненадејно починал! Но, за среќа, тоа брзо се покажало како неточно.

Неговата сопруга Сузана Вукашиновиќ била шокирана кога ја контактирале на телефон некои од српските медиуми, и не знаела што да одговори затечена и фатена на преоад  од оваа дезинформација.


„Тој не е умрен, еве го тука,  седи до мене“, рекла таа, а подоцна новинарите разговарале и со Милиќ, кој објаснил дека се работи за некој друг човек со исто име и презиме како неговото, кое емногу ретко и дека тоа предизвикало забуна.


„Еве ме, јас мртов работам на новиот албум“ (се изнасмеал Милиќ на црниот хумор). Знам дека има човек со исто име и презиме како мене, па додека уште беше жив не можев да верувам дека е вистина (се смее). Умрел ли? Жал мие! Ете, сега е само јас суми Милиќ Вукашиновиќ на овој свет.

Ви кажувам, добро сум, работам на албумот со мојот бенд „Ватрени пољубац“ – рекол Вукашиновиќ.

Инаку пред нешто повеќе од една година, кон крајот на јули 2018-та,  Милиќ Вукашиновиќ ја загуби својата ќерка Маја Авдибеговиќ, која  изврши самоубиство во сараевската населба Језеро.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/izvrshila-samoubistvo-kjerkata-na-milikj-vukashinovikj-pronajdena-mrtva/

To top