Радио Милева наместо песна - тажна вест

Почина уште една млада „Ѕвезда на Гранд“ под неразјаснети околности: Колегите и продукцијата во шок! (ФОТО)

Почина уште една млада „Ѕвезда на Гранд“ под неразјаснети околности: Колегите и продукцијата во шок! (ФОТО)

Младиот пејач Момир Луковац (24), учесник во најпопуларното и најгледано регионално музичко талент ТВ шоу „Ѕвездите на Гранд“, ненадејно починал под неразјаснети околности. Здружението на  естрадни уметници на Црна Гора и учесниците на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се огласија и се простија од младиот пејач, а околностите под кои почина сè уште не се познати во јавноста.

Момир Луковац инаку е млад пејач од Бања Лука, кој живеел во Подгорица, а последен пат пееше на сцената на натпреварот „ Ѕвездите на Гранд“ пред два месеци, кон крајот на јануари, кога ги отпеа песните: „Проклета е виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“, од Аца Лукас. Луковац стигна до третото коло во тековната сезона.

Имено, Момир привлече големо внимание со својот моќен глас, а за време на разговорите во самиот натпревар, дали ќе помине во следната рунда или не, го прашаа кој знак е во хороскоп.

„Бик. Роден сум на 25 април“ – откри тогаш Момир.

„Па, сега … – се насмеа Саша Поповиќ, бидејќи неговиот роденден е само еден ден порано – на 24 април.  Можеби ќе славиме заедно. Момир ќе пее…“  – предложи тогаш новиот директор на „Гранд“ во Александар Милиќ Мили, кој  сега повторно се огласи и истакна дека сите биле многу вознемирени, и колегите и продукцијата, со оглед на тоа што пред само два дена почина и нивниот директор на фотографија, Неша Мишковиќ.

„Многу сум потресен од веста за заминувањето на младиот Момир Луковац. Ова се времиња кога трагедиите доаѓаат наеднаш, една по една, болно, неправедно и само два дена откако нè напушти нашиот директор на фотографија, Неша Мишковиќ. Во свое лично име и во име на сите вработени во Гранд,  најискрено сочувство до неговото семејство и пријателите“, изјави Мили за српските и регионалните медиуми.

To top