Актерот Џо Лара (58) кој го глумаше Тарзан во серијата „Тарзан – Епска авантура“ почина во авионска несреќа кога се срушил приватниот авион со кој летал.
Славниот Тарзан во авионот бил со неговата сопруга Гвен и со уште пет личности, пренесува АП.
Авионот се срушил во езерото во близина на Нешвила. Од службата за спасување велат дека се трага за телата.
View this post on Instagram
Лара е роден во Сан Диего, Калифорнија, а се прослави во филмот „Тарзан“.
Актерот и неговата сопруга имаа „Јутуб“ канал на кои снимаа видеа слични на реални шоуа, а главни улоги беа тие.