Мегафон тажна вест

Почина славниот гитарист Џеф Бек

Почина славниот гитарист Џеф Бек

Еден од највлијателните и најдобрите гитаристи Џеф Бек почина на 78-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Познатиот музичар беше член на групата „Yarbirds“, а потоа со Род Стјуарт го формираше бендот „Jeff Beck group“.

Бек неодамна беше на турнеја со актерот Џони Деп, каде го промовираше својот последен албум „18“.

Смртта на Бек е потврдена на официјалниот Твитер профил на легендарниот гитарист.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Beck (@jeffbeckofficial)

Бек почина во вторникот откако „ненадејно заболел од бактериски менингитис“, објави Гардијан.

„Во име на семејството, со голема тага ја споделуваме веста дека почина Џеф Бек. По ненадеен напад на бактериски менингитис, тој почина вчера. Семејството бара приватност додека се справуваат со нивната голема загуба“, гласи објавата.

Често опишан како еден од најголемите гитаристи на сите времиња, Бек – чии прсти и палци беа осигурани на 7 милиони фунти – беше познат како голем иноватор. Тој беше пионер на џез-рокот, експериментираше со ефекти на фуз и дисторзија и го отвори патот за потешки поджанрови како што се психо рокот и хеви металот во текот на неговата кариера. Тој беше осумкратен добитник на Греми, добитник на наградата Ivor Novello за исклучителен придонес во британската музика и примен во Куќата на славните на рокенролот како член на Yardbirds и како соло уметник по втор пат во 20009 година.

Тој е роден како Џефри Бек во 1944 година во Валингтон, Јужен Лондон. Како дете пеел во црковниот хор. Почнал да свири гитара како тинејџер, а својот прв инструмент го добил откако се обидел да ја измами музичката продавница преку шема за купување на рати. „Имаше еден човек, иако не беше доволно стар за да ми биде татко, но се понуди да гарантира за мене. Тој рече: „Ќе им кажам дека сум ти очув“, призна за New Statesman во 2016 година. „Во рок од еден месец, тие сфатија дека човекот нема никаква врска со мене и ми ја зедоа гитарата“, се потсети Бек на тие денови.

фото:Инстаграм/jeffbeckofficial

To top