Синот на шпанскиот сликар Пабло Пикасо, Клод Руиз-Пикасо, почина на 76-годишна возраст. Веста ја потврди неговиот адвокат Жан Жак Ноер, кој вчера испрати изјава до АФП, но не ја прецизираше причината за смртта.
Од 1989 до 2023 година, Клод Руиз-Пикасо беше администратор на имотот на Пикасо, каде што се занимаваше со заштита на авторските права и неговите дела.
Во јули се пензионираше и своето место во компанијата и го отстапи на својата сестра Палома, која била поставена за управител.
Пикасо ги имаше Клод и Палома од врската со Франсоаз Жило, додека првиот син Пол го имаше од врската со Олга Хохлова и ќерката Маја од Мари-Терес Валтер. Клод зад себе ја остави сопругата Силвија Вотија Пикао, како и двете деца наследници.
Фото: Принтскрин/Профимедиа