Мегафон тажна вест

Почина познатиот српски актер од култната серија „Среќни луѓе“ (ФОТО)

Почина познатиот српски актер од култната серија „Среќни луѓе“ (ФОТО)

Познатиот српски актер Десимир Станојевиќ по долго и тешко боледување почина на 69-годишна возраст во неговиот стан во Белград.

За многу генерации тој ќе биде запаметен како Вукашин Голубовиќ, ликот од култната југословенска ТВ серија „Среќни луѓе“.

Десимир Станојевиќ е роден на 7 октомври 1950 година во Ниш. Играше во Народниот театар во Ниш од 1970 до 1990 година и од 1991 година во театарот Теразије во Белград. Тој е основач на Младинскиот театар „Трето полувреме“ во Ниш.


Заслужен е за изведување на првиот мјузикл во историјата на Нишкиот театар, „Виолинистот на покрив“. Исто така, тој е заслужен за поставување на театарскиот мјузикл „Циганите летаат на небото“ во Народниот театар Ниш, во негова режија.
Десимир мина повеќе од две децении во театарот Теразије, при што некои од неговите култниулоги беа во мјузиклите „Гркот Зорба“ и „Циганите летаат на небото“.

To top