Почина познатиот македонски хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китаноски. Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности.
На социјалните мрежи веќе се редат последите збогувања на сите оние кои го познаваа. Според неофицијални информации безживотното тело на Китаноски било пронајдено во неговиот дом, а наводно причинага била инфаркт.
Војче е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во Кичево, а студирал на Шумарскиот факултет. Тој речиси 50 години беше активен на македонската јавна сцена.
Во својата долгогодишна кариера Војче настапувал пред студенти, пред армијата и пред бригадирите на работните акции, како и покрај Мики Јевремовиќ и Тома Здравковиќ.
Меѓу другото тој ја издаде книгата со најубавите вицеви за деца „Антологија на 500 вицеви за деца“ и книгата „Енциклопедија за хумор“, во која, преку своите доживувања и анегдоти раскажува за својот живот.
фото:Фејсбук/Војче Китановски