Мегафон Замина Рој Дотрис

Почина познатиот актер кој остави неизбежна трага во серијата Игра на Тронови

Почина познатиот актер кој остави неизбежна трага во серијата Игра на Тронови
Актерот Рој Дотрис, кој публиката ширум светот го памети по улогата во серијата „Game of Thrones“, но и по улогите во бројни серии и филмови, почина во својот дом во 94-тата година од животот.

Во последните моменти со него биле ќерките Карен, Мишел и Ивет, седумте внуци и едниот правнук. Неговата сопруга Кеј Дотрис починала во 2007-та година.

Пред да стане актер, Рој служел во кралското воздухопловство и го преживеал логорот на воени заробеници во Германија. Потоа, тој работел на радио, во театар, на телевизија и филм. Добитник е на наградите за најдобар актер – Tony и BAFTA.

 

To top